Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени

За упис на новороденче родено во брачна заедница потребни документи се:

  • 1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
  • 2. Барање за издавање на извод од матична книга на родени за новороденче (Барање)
  • 3. 100 ден. административна такса (Уплатница)
  • 4. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)
  • 5. Извод на венчани (оригинал или копија)

НАПОМЕНА: Раѓањето на дете се пријавува во рок од 30 дена од денот на раѓањето, во матичното подрачје на кое се родило детето.

Доколку родителите на новороденчето имаат склучено брак во странство а бракот не е евидентиран во Управата за водење матични книги, задолжително е да достават оригинал извод од матичната книга на венчаните од државата каде што е склучен бракот. Изводот од странската држава каде што бил склучен бракот треба да е на интернационален образец издаден од матичната служба каде се склучил бракот а во случај ако во државата не се издаваат интернационални обрасци тогаш изводот задолжително треба да се завери со апостил печат.  

За упис на новороденче родено во вонбрачна заедница потребни документи се:

1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
2. Извод од матична книга на родени од родителите (задолжително присувство на двајцата родители)
3. Барање за издавање на извод од матична книга на родени за новороденче (Барање)
4. 100 ден. административна такса (Уплатница)
5. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

НАПОМЕНА: Раѓањето на дете се пријавува во рок од 30 дена од денот на раѓањето, во матичното подрачје на кое се родило детето.

За издавање на извод од матична книга на родени потребни документи се:

1. Лична карта или пасош (за идентификација)
2. Барање за издавање на извод од матична книга на родени (Барање)
3. 100 ден. административна такса (Уплатница)
4. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

НАПОМЕНА: Барањето за извод се поднесува лично или со полномошно заверено на нотар.

Превземете ја листата со ознака на општините