Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Сектори на управата

  • Home
  • Сектори на управата

СЕКТОР ЗА УПРАВНО-НАДЗОРНИ РАБОТИ ВО ОБЛАСТА НА МАТИЧНОТО РАБОТЕЊЕ, ПЛАНИРАЊЕ И АНАЛИЗА

Во Секторот за управно-надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа се вршат работи и задачи кои се однесуваат на постапување во управни работи од областа на матичното работење, надзор над матичното работење на целата територија на Република Македонија, анализа воспоставување и одржување на непречена комуникација со Министерството за внатрешни работи и други органи и институции, како и развивање и унапредување на оваа соработка; работа на проектни задачи, планирање, анализа и меѓународна соработка и други работи кои се однесуваат на примена на законските и други прописи од областа на матичното работење.

СЕКТОР ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ, МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКИ И АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ

Во Секторот за нормативно – правни, материјално – финансиски и административни работи се вршат работи и задачи кои се однесуваат на изготвување на мислења по предлози за покренување на постапки за оценување на уставноста и законитоста на постоечките нормативно-правни акти, правилници, упатства, следење на законската регулатива во Управата, изработување на подзаконски акти, следење на меѓународна регулатива, финансиски планови, работи со платен промет, изработка на буџет на Управата, водење на сметоводство, благајничко работење, архивско работење, примање, распоред и експедирање на поштата, водење на деловодство и други работи.

СЕКТОР ЗА ИНОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Во Секторот инфоматичка технологија се вршат работи и задачи од делокругот на Управата кои се однесуваат на информатичката технологија, и тоа:
– следење и обработка на прашањата што се поврзани со организацијата и развојот на информациониот систем во Управата за водење на матични книги, и предлагање на мерки за нивно унапредување,
– планирање на развојот на информациониот систем, мрежата за пренос на податоци во Управата,
– планирање на развојот на информациониот систем, мрежата за пренос на податоци во Управата, следење, разработување и еволуирање на примената на новите информатички технологии во подрачјето на дејствување на информациониот систем и проучување на потребите за можностите на воведување на нови информациони сервиси,
– координација помеѓу организационите единици во областа на автоматска обработка и непосредно учество во неа, анализирање на потребите и предлагање на мерки за развој на информациониот систем,
– изготвување на анализи и информации и други документи за одредени аспекти на информациониот систем
– изработка на стратегии за развој, надградба на системот и ИТ сигурност;
– изработка на проекти врз основа на стратешки документи на секторот за ИКТ;
– планирање, евалуација и имплементација на физичка и информатичка сигурност;
– обезбедување сигурност, точност и употребливост на податоците;
– дефинирање и заштита на кориснички профајли, лозинки и back-up фолдери за Управата;
– дефинирање на back-up процедури, кога, во кој временски интервали и каде и на кои локации ќе се чуваат заштитите;
– организирање размена на податоци со државни органи и институции и други субјекти во Република Македонија;
– одржување на функционалноста на ИТ мрежниот систем на Управата, инсталирање на ИТ опремата и координација со овластени сервисни одделенија на производителот на опремата,
– одржување на функционалноста на хардверските ИТ елементи со кои располага Управата, инсталирање на ИТ опремата и координација со овластени сервисни одделенија на производителот на опремата,
– изработка на техничка документација за функционирање на ИТ системот и за сите останати работи поврзани со ИТ технологијата,
– дефинирање на програмските, техничките и телекомуникациските основи на информациониот систем,
– изработка и анализа на системот на управување со базите на податоци и апликативниот софтвер,
– развој и имплементација на софтверски решенија за потребите на Управата
– обработка на податоците, спроведување на мерки за заштита и безбедност на информациониот систем и подсистем,
– следење на тековно функционирање и користење на информатички ресурси и давање предлози за проширување, адаптации и замена, обезбедување на оптимални услови за користење на опремата,
– обука на информатичките кадри и на корисниците на информатичкиот систем и подсистем,
– утврдување и спроведување на мерки за заштита на преносот на податоци,
– поврзување на нови корисници во мрежата,
– изработка на техничка документација за апликацијата и други проекти, поддршка на корисниците, координирање на работата за одржување на опремата,
– подготовка на e-learning модулите за стручно усовршување на вработените во Управата
– изработка, развој и одржување на Интернет WEB страна на Управата
– давање поддршка на имплементацијата на апликации кои развојно и стратешки би се употребувале во работата на Управата, Министерството за правда, Министерството за Внатрешни работи и др. органи и институции,
– организирање размена на податоци со државни органи и институции и други субјекти во Република Македонија;
– обезбедување сигурност, точност и употребливост на податоците;
– вршење анализа и водење статистика во областа на работењето на Управата.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Во Одделението за управување со човечки ресурси се вршат следните работи и задачи :
– проучување и единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените;
– учество во изготвување на законски и подзаконски акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на државните службеници;
– изготвување поединечни акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на државните службеници и другите вработени и давање мислења и упатства по истите;
– изготвување на акти за внатрешна организација и систематизација;
– организирање и спроведување на постапката за вработување;
– планирање, евиденција и следење на обуката, стручното оспособување и усовршување на државните службеници, вработени во Управата и други евиденции пропишани како обврска со законските и други прописи од областа на трудот;
– водење евиденција за присутност на вработените и за користењето на работното време, изготвува извештаи за тоа и ги доставува до стручната служба за исплата на плати и надоместоци на плати
– врши пријавување и одјавување на работниците во надлежните органи и стручни служби,
– подготвување и стручна и аналитичка обработка на податоци заради градење на стратегија и концепт за вработувањето во Управата за водење на матичните книги и други работи.