Управата за водење на матичните книги (во натамошниот текст: Управата) е основана согласно член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција (Службен весник на Република Македонија бр.98/08), кој влезе во сила на 12 август 2008 година, како орган во состав на Министерството за правда со својство на правно лице. Основна надлежност на Управата согласно овој закон е водење на матичните книги на родени, венчани и умрени (рачно и во електронска форма), нивна заштита и чување, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење на постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги.
Во матичните книги на родени, венчани и умрени се евидентираат податоци поврзани со фактите на раѓање, склучување брак и смрт на државјани на Република Македонија, без оглед дали живеат или не во Република Македонија, како и податоци поврзани со фактите на раѓање, склучување брак и смрт на странци и лица кои немаат државјанство на Република Македонија а кои се случиле на територијата на Република Македонија. Со Управата раководи директор, со мандат од четири години, кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за правда.
Организација
Управата за водење на матичните книги согласно Правилникот за внатрешна организација е организирана во три Сектори, и тоа:
– Сектор за управно-надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа, кој во својот состав има 4 одделенија (Одделение за постапување во управни работи во областа на матичното работење, Одделение за работа на проектни задачи, планирање и анализа и меѓународна соработка, Одделение за надзор над матичното работење и комункација со МВР и други државни органи и институции, Одделение за нормативно – правни и административни работи), 8 подрачни оделенија, 26 подрачни канцеларии на одделенијата за матично работење и 239 месни канцеларии за матично работење;
– Сектор за финансиски прашања, кој во својот состав има 4 одделенија: Одделение за буџетска координација, Одделение за буџетска контрола, Одделение за сметководство и плаќање и Одделение за јавни набавки
– Сектор за информатичка технологија, кој во својот состав има 2 одделенија: Одделение за системска и мрежна администрација и Одделение за софтверски развој и поддрршка.
Во рамки на организационата структура на Управата функционираат и 2 одделенија: Одделение за управување со човечки ресурси и Одделение за внатрешна ревизија.
КРАТКИ ПОДАТОЦИ ЗА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА СЕКОЈ ОД ТРИТЕ СЕКТОРИ
Органограм на Управата за водење на матичните книги