За признавање на татковство потребни документи се:
1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
2. Копија од извод од матична книга на родени од родителите и оригинал за проверка (Управата го прибавува овој документ по службена должност)
3. Писмена изјава од таткото
НАПОМЕНА: Задолжително е присуството на двајцата родители.
Ако изводот од матичната книга на родени на мајката нема печат за важност од задната страна, потребно е мајката да извади нов извод од матична книга на родени (Управата го прибавува овој документ по службена должност).
Ако таткото е странски државјанин потребни документи се: Копија од пасош и оригинал за проверка, извод од матична книга на родени од странство преведено на македонски јазик и заверено на нотар и согласност од таткото.