Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Склучување на брак со странски државјанин

  • Home
  • Склучување на брак со странски државјанин

ИНФОРМАЦИИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ БРАК СО СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИН

Во Република Македонија дозволено е секој полнолетен македонски државјанин да склучи брак со полнолетен државјанин на било која држава. Исто така дозволено е да се склучи брак и помеѓу двајца странски државјани. Притоа за склучување брак со странец потребни се следните документи:

За странскиотдржавјанин потребнo е:

1. Оригинал извод од Матичната книга на родените со апостил печат не постар од 6 месеци на интернационален образец (преведен на македонски јазик и заверен на нотар доколку содржи некоја од буквите Y, W, X, Qи др.);

2. Уверение за слободна брачна состојба со апостил печат не постаро од 6 месеци(преведено на македоснки јазик и заверено на нотар);

3. Потврда дека не постојат законски пречки за склучување на бракот во Р.Македонија со апостил печат(Доколку матичната држава не издава потврда дека не постојат законски пречки за склучување на брак, потребно е да се издаде документ со кој потврдуваат дека не ја издаваат истата);

4. Оригинал важечки документ за идентификација

За македонскиот државјанин потребнo е:

1. Оригинал извод од матичната книга на родените

2. Важечки документ за идентификација

Постапката за склучување брак со странец е следната:

Потребно е двајцата младоженци лично со горенаведените документи да присуствуваат кај матичарот кој ќе присуствува на денот на венчавката на составување на “Записник за склучување брак”. При составувањето на Записникот се одредува датумот на склучување на бракот. Откако ќе биде составен Записникот за склучување брак, странките потребно е да појдат во секторот за странци при Министерството за внатрешни работи со цел да се провери легалноста на престојот на странецот во Р.Македонија.Откако ќе се констатира легалноста на престојот странките се упатуваат кај раководителот на матичарот со цел истиот да изврши проверка на доставените документи и да го парафира составениот Записник за склучување брак.

Со самото тоа се смета дека терминот за склучување брак е договорен и бракот ќе се склучи на претходно договорениот датум.

НАПОМЕНА:На денот на склучување на бракот задолжително е да присуствува овластен судски преведувач на јазикот кој го зборува странскиот државјнин.