Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Локации на УВМК

  • Home
  • Локации на УВМК

Почитувани,
Надлежна институција за издавање на изводи и уверенија од матичната евиденција за граѓаните на Република Македонија е Управата за водење на матичните книги – Министерство за правда.
Со цел усогласување на Законот за матична евиденција и Законот за територијална организација на локланата самоуправа на Република Македонија, Управата за водење на матичните книги од 01.01.2011 година определува 178 матични подрачја. Целта за определување на матичните подрачја е нивно ефикасно функционирање засновано на начелата на сервисна ориентираност кон граѓаните, ефиксност и економичност.
Подари тоа се определуваат 178 матични подрачја во кои ќе се водат матичните книги на родени и матичните книги на умрени за населените места во нивни состав. Исто така се определуваат и 178 населени места во кои ќе се водат матичните книги на венчани.
Информацијата за локациите на матичните подрачја каде граѓаните ќе ги добиваат изводите и уверенијата од матичните книги на родени, венчани и умрени може да ја добијат во Управата за водење на матичните книги или со преземање на Решението за нови матични подрачја.

Горенаведеното решение содржи уште дополнувања кои можете да ги преземете
(Дополнето решение 1),
(Дополнето решение 2),
(Дополнето решение 3),
(Дополнето решение 4),
(Дополнето решение 5),
(Прочистен текст),
(Дополнето решение 6),
(Дополнето решение 7),
(Дополнето решение 8).
(Прочистен текст),
(Дополнето решение 9),
(Дополнето решение 10)
(Дополнето решение 11)

(Дополнето решение 12)

Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека согласно Измените и дополнувањата на Законот за матична евиденција (Службен Весник на РМ број 98/08) од 1.01.2010 година отпочна со работа Управа за водење на матичните книги, како орган во состав на Министерството за правда, со својство на правно лице.
Почнувајќи од 1 јануари 2010 година, надлежноста за водење на матичната евиденција и издавањето на изводите и другите потврди од матичните книги на родените, венчаните и умрените, во согласност со Законот за матична евиденција, a која досега беше во надлежност на Министерството за внатрешни работи, ќе ја извршува Управата за водење на матичните книги преку своите 8 подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 239 месни канцеларии во руралните населени места.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДРАЧНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА И ПОДРАЧНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ

Воедно Ве известуваме дека жиро сметката од 01.01.2010 година на која ќе се врши уплата за услугите кои ги нуди Управата за водење на матичните книги на образец ПП50 е следната:

Назив и седиште на примач: Tрезорска сметка
Банка на примач: Народна Банка на РМ ( НБРМ)
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – eдинка корисник:
0700361360-631-10
Приходна шифра и програма: 724149-20

Повеќе информации граѓаните можат да добијат и преку следнава е-маил адреса: contact@uvmk.gov.mk

Со почит,
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги