Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Отворено писмо на Директорот на управата за водење на матичните книги

  • Home
  • Отворено писмо на Директорот на управата за водење на матичните книги

Отворено писмо на Директорот на управата за водење на матичните книги

slika
Во одредени албански портали и медиуми директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски е “обвинет” дека отвора услужни канцеларии во општини со доминантно македонско население, а ги запоставува општините со албанско население. Како реакција на тоа, Управата за водење на матичните книги ја информира јавноста за следново:
Управта за водење на матичните книги е релативно нова институција која функционира веќе седум години и нејзина надлежност е водењето на матичните книги на родени, венчани и умрени за сите граѓани на Република Македонија, издавање на изводи од истите како и останати документи кои произлегуваат од матичната евиденција. Управата функционира на целата територија на државата преку 8 подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 132 месни канцеларии.
За оние кои критикуваат, а не се упатени и информирани, треба да се истакне дека на територија на Град Скопје имаме 17 матични подрачја – месни канцеларии кои ги опслужуваат граѓаните на Скопје и околните места. Па да кажеме дека постојат и месни канцеларии во Сарај, Арачиново, Студеничани, Чаир, Сингелиќ, Буковиќ, Радуша, Рашче каде се водат матичните книги за населението на овие места, а добар дел од нив се албанско население. Во општина Чаир од мала и неугледна канцеларија, матичната евиденција сега функционира во две канцеларии и се прават преговори со Општина Чаир салата за венчавки постојано да биде отворена за склучување на бракови во свечена атмосфера.
Во сите овие матични подрачја граѓаните и порано и сега добиваат изводи од матичната евиденција. А сега и овие места се електронски поврзани со Информатичкиот центар на Управата каде многу брзо може да се добие извод од матичната евиденција, без оглед каде лицата се родени или венчани во Република Македонија.
Доколку “душегрижниците” не се информирани, треба да знаат дека изводи од матичната евиденција може да добијат и доколку аплицираат по електронски пат од дома или работно место и најдоцна за 72 часа изводите да ги добијат на домашна адреса преку пошта.
Овие реформи и нови проекти што Управата ги реализира во последните четири месеци се однесуват на сите граѓани кои веќе изразија одобрување и задоволство што се реализирани, а со тоа ним им е заштедено времето, парите и чекањето по шалтери.
Па така, сите оние кои мислат, веруваат и пишуваат дека матичната евиденција може да се дели на “ваша” и “наша”, се излажале. Секој подинец и граѓанин е уредно заведен во матичната книга врз основа на која добива изводи со кои остварува свои образовни, здравствени, социјални, општествени права, права од работен однос, користење на банкарски услуги и многу друго.
За разлика од пред неколку години, сега матичната евиденција се базира на електронски ситем, уредно се внесуваат податоци во истиот и секој граѓанин може да ги добие брзо и ефикасно со цел нормално да функционираат во општеството.
Поради сето горе наведено бараме извинување за искажаните зборови и клевети, а сите оние пред да седнат да обвинуваат, прво да ги проверат фактите и информациите, со цел себеси и другите, да не се доведуваат во заблуда.
Ваквите тенденциозни натписи секако дека нема да ја сопрат Управата за водење на матичните книги и натаму да ги реализира планираните проекти за добро на граѓаните и приближувањето на институциите до нив, а не нивно одалечување и затворање.
За сите информации и предлози за подобра работа на Управата за водење на матичните книги, вработените во неа и директорот Ѓоко Котевски се секогаш отворени за соработка.