Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Пријавување на лице родено во странство и издавање на извод од матична книга на родени

  • Home
  • Пријавување на лице родено во странство и издавање на извод од матична книга на родени

Пријавување на лице родено во странство и издавање на извод од матична книга на родени потребни документи се:
1. Оригинал извод од матична книга на родени со Апостил печат доколку земјата каде е издаден изводот е потписничка на Хашката конвенција за легализација на документи, преведен и заверен на нотар во Македонија (превод на интернационален извод од матична книг на родени не треба доколку земјата е членка на Виенската конвенција за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици од 1976 г.)
2. Лични карти или пасоши на двајцата родители (оригинал и копија)
3. Барање за издавање на извод од матична книга на родени (Барање)
4. 100 денари административна такса (Уплатница)
5. Уплата од 50 денари на жиро-сметката на Управата за водење на матични книги (Уплатница)
6. Молба од 50 денари (на шалтер)

НАПОМЕНА: Доколку едниот родител е странски државјанин потребно е да даде согласност за упис на детето во матична книга на родените и стекнување државјанство во Македонија.
НАПОМЕНА: Лицето се пријавува во книга на родени според место на живеење на едниот родител во Македонија