Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени

  • Home
  • Пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени

За пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени потребни документи се:

1. Лекарска потврда за смрт издадена од здравствена установа(оригинал и копија)
2. Лична карта или пасош на починатиот и на пријавителот (оригинал и копија) 3. Извод на родени или венчани (од починатото лице) и умреница од брачниот другар ако е починат – Овие изводи Управата ги прибавува по службена должност.
4. Барање за издавање на извод од матична книга на умрени (Барање)
5. 100 ден. административна такса (Уплатница)
6. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

НАПОМЕНА: Починатото лице се пријавува во рок од 30 дена од денот на смртта.

Доколку починатото лице се пријави по истекот на 30 дена, запишувањето на смртта се врши со водење на  управна постапка согласно законот за општа управна постапка.

За издавање на извод од матична книга на умрени потребни документи се:

1. Лична карта на законскиот наследник
2. Барање за издавање на извод од матична книга на умрени (Барање)
3. 100 ден. административна такса (Уплатница)
4. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

Превземете ја листата со ознака на општините