Управа за водење на матичните книги

Почитувани посетители,
Добредојдовте на веб - страницата на Управата за водење на матичните книги, каде што можете да добиете информации за сите промени кои ќе се случуваат во врска со матичното работење.
На нашата веб - страница се наоѓаат корисни информации во врска со законската и подзаконската регулатива поврзана со матичното работење.
Искрено се надеваме дека на оваа страница ќе најдете информации кои ќе ви помогнат во вашата секојдневна работа.

Вашите коментари и предлози можeтe да ги праќате по е-пошта на адреса: contact@uvmk.gov.mk

Нови простории на Подрачното одделение СКОПЈЕ

Почитувани граѓани,

Од 01.02.2016 година, просториите на Подрачното одделение Скопје на Управата за водење на матичните книги се преселени во нови простории.

Просториите се наоѓаат на улица "Кеј Димитар Влахов бб, зграда 1 број 1 - Скопје", во зградата на поранешна Комерцијална банка, после Камениот мост.

Тука е преселен и административниот дел на Сала Центар за склучување на бракови, каде се поднесуваат барања и документи.За сите информации може да се јавите на 02 3119 412.

Macedonian

Корекција на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории

Почитувани,Согласно член 3 од Правилникот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги, а по официјално објавените податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија, се прави корекција на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории.Надоместокот кој се плаќаше 3.000,00 денари сега изнесува 3102,00 денари, за надоместокот кој се наплатуваше 3.300,00 денари сега изнесува 3.402,00 денари, додека за надоместокот кој изнесуваше 6.600.00 денари сега изнесува 6.804.00 денари.

Macedonian

Безготовинско плаќање на административните такси и надоместоци за документите од матичната евиденција

Управата за водење на матичните книги воведе БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ТАКСИ И НАДОМЕСТОЦИ за документите од матичната евиденција.

Macedonian

Склучување на брак надвор од службените простории на УВМК

Почитувани,Согласно измените на Законот за семејство во член 26, каде е регулирано склучувањето на бракот, Управата за водење на матичните книги овозможува склучување на брак и надвор од службените простории на Управата. 

Macedonian

Административни такси

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека согласно измените и дополнувањата на Закон за административни такси (Службен Весник на РМ бр. 145/10) кој започна да се применува од 01.01.2011 година, aдминистративните такси се плаќаат во готови пари на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината, за општините во градот Скопје и за градот Скопје на чие подрачје е извршената наплата.

Тарифник за административните такси:

Macedonian

Управата за водење на матичните книги во нови простории

logo na upravata

Скопје, 07 Октомври 2009

Управата за водење на матичните книги од денеска се пресели во нови простории, што се наоѓаат на приземјето на објектот “Нова Македонија” на бул.”Мито ХаџиВасилев Јасмин бб”.

Управата наскоро ќе се екипира со превземање на вработени од Министреството за правда, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, откако ќе заврши екипирањето ќе започнат и обуки за новиот кадар. Со тоа ќе се овозможи подобро разбирање на материјата од областа на матичното работење на новите превземени вработени во Управата.

Macedonian