Почитувани, Денес во просториите на Министерството за труд и социјална политика Директорот на Управата за водење на матичните книги Г-дин Бујар Дардхишта заедно со Министерката за труд и социјална политика Г-ѓа Мила Царовска објавија повик со кој се повикуваат сите лица на кои не им е регистрирано раѓањето во матичните книги на родените. Овој повик е со времетраење од 6 месеци и е со почеток од 01.04.2018 заклучно со 30.09.2018 година. Во овој период сите лица кои не се регистрирани во матичните книги на родените можат да дојдат на шалтерите во Управата за водење на матичните книги и да поднесат барање за дополнителен упис во мкр. На самиот шалтер административниот службеник ќе пополни прашалник за секое лице со податоци битни за водењето понатамошни постапки во Управата. На овој начин системски ќе се премине кон решавање на проблемот со кој долги години се соочуваат одредени категории лица. ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ЛИЦА – НЕРЕГИСТРИРАНИ ВО МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ
Интегрален текст на Директорот на Управата за водење на матичните книги Особено ми е драго што денес ќе го објавиме јавниот повик за прибирање на податоци за лица кои што не се регистрирани во матичната книга на родените и со тоа ќе овозможиме целосна социјална инклузија на лицата кои во Република Македонија се на маргините на општеството. Една од заложбите на Владата на Република Македонија е инклузијата на сите граѓани кои живеат во Република Македонија меѓутоа не ги уживаат правата кои им следуваат заради тоа што нивното раѓање не е регистрирано во матичната книга на родените и не можат да добијат прв извод од матична книга на родените. Целта на овој повик е да се пријават сите лица родени на територија на Република Македонија а кои не се регистрирани во матичната книга на родените и да добијат можност да извадат прв извод од матична книга на родените. Овој повик ќе трае шест месеци почнувајќи од 01.04.2018 година се до 30.09.2018 година. Во овој период ќе добијат можност сите лица кои не се регистрирани или пак ги немаат регистрирано нивните деца во матичните книги на родените да појдат до подрачните единици на Управата за водење на матичните книги и да поднесат барање за дополнително запишување. Поконкретно да кажеме, тука се работи пред се за лица родени во домашни услови, но и лица кои се родени во здравствени установи меѓутоа нивните родители не ја извршиле должноста да го пријават името на детето во матичната служба. Важно е да напомнеме дека првиот чекор кој треба да го направат овие лице е да појдат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги, да поднесат барање за дополнително запишување, а службеникот ќе го прими барањето и ќе пополни прашалник со податоците кои се битни за понатамошното постапување. Доколку некои од лицата кои ќе се пријават на шалтерите на Управата за водење на матичните книги не поседуваат никаков документ со кој треба да се докаже раѓањето на нивното дете, за истото службеникот ќе пополни прашалник и ќе ги упати лицата кои документи дополнително треба да ги достават во Управата за да почне да се води управната постапка. На овој начин сакаме да им помогнеме на сите лица кои долги години не можат да го решат проблемот со нерегистрирање на нивните деца во Република Македонија, а преставува едно од битните човекови права. Со тоа се става крај на постоење на лицата без документи во Република Македонија. За времетраење на повикот активно ќе земе учество невладиниот сектор кој ќе пружа помош на секој на кој му е потребна, од аспект да го извести за повикот но и да го донесе до шалтерите на Управата за водење на матичните книги и со ваков проактивен пристап да се опфати целото население. Вработените административни службеници во Управата за водење на матичните книги ќе бидат соодветно обучени за начинот на работа со оваа категорија лица и начинот на пополнување на прашалникот. За потребите на овој повик ќе се направат и соодветни законски измени со кои ќе се овозможи и таканаречените најтешки случаи, да бидат решени во согласност со законските прописи. На овој начин меѓудругото ќе се создаде и прецизна база на податоци и ќе добиеме официјален број на лица кои не се регистрирани во матичните книги на родените.
Повик за прибирање на податоци за лица – нерегистрирани во матична книга на родени
Почитувани,
Денес во просториите на Министерството за труд и социјална политика Директорот на Управата за водење на матичните книги Г-дин Бујар Дардхишта заедно со Министерката за труд и социјална политика Г-ѓа Мила Царовска објавија повик со кој се повикуваат сите лица на кои не им е регистрирано раѓањето во матичните книги на родените. Овој повик е со времетраење од 6 месеци и е со почеток од 01.04.2018 заклучно со 30.09.2018 година. Во овој период сите лица кои не се регистрирани во матичните книги на родените можат да дојдат на шалтерите во Управата за водење на матичните книги и да поднесат барање за дополнителен упис во мкр. На самиот шалтер административниот службеник ќе пополни прашалник за секое лице со податоци битни за водењето понатамошни постапки во Управата. На овој начин системски ќе се премине кон решавање на проблемот со кој долги години се соочуваат одредени категории лица.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ЛИЦА – НЕРЕГИСТРИРАНИ ВО МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ
Интегрален текст на Директорот на Управата за водење на матичните книги
Особено ми е драго што денес ќе го објавиме јавниот повик за прибирање на податоци за лица кои што не се регистрирани во матичната книга на родените и со тоа ќе овозможиме целосна социјална инклузија на лицата кои во Република Македонија се на маргините на општеството.
Една од заложбите на Владата на Република Македонија е инклузијата на сите граѓани кои живеат во Република Македонија меѓутоа не ги уживаат правата кои им следуваат заради тоа што нивното раѓање не е регистрирано во матичната книга на родените и не можат да добијат прв извод од матична книга на родените.
Целта на овој повик е да се пријават сите лица родени на територија на Република Македонија а кои не се регистрирани во матичната книга на родените и да добијат можност да извадат прв извод од матична книга на родените.
Овој повик ќе трае шест месеци почнувајќи од 01.04.2018 година се до 30.09.2018 година. Во овој период ќе добијат можност сите лица кои не се регистрирани или пак ги немаат регистрирано нивните деца во матичните книги на родените да појдат до подрачните единици на Управата за водење на матичните книги и да поднесат барање за дополнително запишување.
Поконкретно да кажеме, тука се работи пред се за лица родени во домашни услови, но и лица кои се родени во здравствени установи меѓутоа нивните родители не ја извршиле должноста да го пријават името на детето во матичната служба.
Важно е да напомнеме дека првиот чекор кој треба да го направат овие лице е да појдат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги, да поднесат барање за дополнително запишување, а службеникот ќе го прими барањето и ќе пополни прашалник со податоците кои се битни за понатамошното постапување.
Доколку некои од лицата кои ќе се пријават на шалтерите на Управата за водење на матичните книги не поседуваат никаков документ со кој треба да се докаже раѓањето на нивното дете, за истото службеникот ќе пополни прашалник и ќе ги упати лицата кои документи дополнително треба да ги достават во Управата за да почне да се води управната постапка.
На овој начин сакаме да им помогнеме на сите лица кои долги години не можат да го решат проблемот со нерегистрирање на нивните деца во Република Македонија, а преставува едно од битните човекови права. Со тоа се става крај на постоење на лицата без документи во Република Македонија.
За времетраење на повикот активно ќе земе учество невладиниот сектор кој ќе пружа помош на секој на кој му е потребна, од аспект да го извести за повикот но и да го донесе до шалтерите на Управата за водење на матичните книги и со ваков проактивен пристап да се опфати целото население.
Вработените административни службеници во Управата за водење на матичните книги ќе бидат соодветно обучени за начинот на работа со оваа категорија лица и начинот на пополнување на прашалникот.
За потребите на овој повик ќе се направат и соодветни законски измени со кои ќе се овозможи и таканаречените најтешки случаи, да бидат решени во согласност со законските прописи.
На овој начин меѓудругото ќе се создаде и прецизна база на податоци и ќе добиеме официјален број на лица кои не се регистрирани во матичните книги на родените.
Најново