Почитувани,Од 24.07.2017 година стартуваше проектот “Добредојде новороденче” со што пријавите од здравствените установи каде што има породилишта преку Управата за електронско здравство ќе пристигнуваат по електронски пат до Управата за водење на матичните книги. Носител на проектот е Министерството за здравство, кои заедно со Управата за водење на матичните книги и Министерството за внатрешни работи ќе ги обработуваат овие барања.Со овој проект, родителите нема веќе да чекаат на шалтери, туку изводот од матичните книги на родени за нoвороденчето ќе го добијат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето. Управата за водење на матичните книги ги добива документите од Министерството за здравство преку системот Мој термин, ги обработува истите, врши упис на новороденчето во матичната книга на родените, ги праќа потребните податоци до Министерството за внатрешни работи за определување на матичен број и државјанство, и откако ќе го добие матичниот број и државјанството од МВР ги дополнува податоците во книгата на родени и го издава изводот.Проектот стартува од понеделник (24 јули) во породилиштата во Скопје, додека од 1 септември услугата ќе биде достапна во сите 18 породилишта во Македонија.
Добредојде новороденче

Најново