Започна имплементацијата на процесот на издавање изводи од матичните книги на родени, за лица кои досега не се евидентирани!
- Home
- Започна имплементацијата на процесот на издавање изводи од матичните книги на родени, за лица кои досега не се евидентирани!
Започна имплементацијата на процесот на издавање изводи од матичните книги на родени, за лица кои досега не се евидентирани!
Започна имплементацијата на процесот на издавање изводи од матичните книги на родени, откако во јуни годинава Собранието ги изгласа измените на Законот за евиденција на родени со кои треба да се овозможи решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, но и секое дете родено во земјата добива извод од матична книга на родените по раѓањето, без разлика дали родителите се без документи или без државјанство.
Десет лица од денеска добија потврди а на голем број им е дадено упатство кои документи треба да ги достават за да добијат идентификациски број (матичен број каков што имаа досега) и со тоа дополнително да имаат можност за здравствено осигурување, отворање трансакциска сметка и добивање државјанство.
Процесот е започнат согласно Акцискиот план. Евидентирани се 540 лица кои немаат извод од матична книга на родените. За оние кои имаа повеќе документи, процесот се одвиваше понепречено, додека на стотици други им беа дадени упатства кои документи да ги изработат. Планирано е овој процес да заврши до крајот на септември.
Со новите законски измени, секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија има право да биде запишано во матичната книга на родените веднаш по раѓањето, а најдоцна во рок од 45 дена од денот на раѓањето на детето, без разлика на државјанството и лична состојба на родителите. Исто така, дете чии родители се непознати или имаат непознато државјанство или немаат државјанство, детето се запишува во матичната книга во земјата каде што е родено или пронајдено.
Од УНХЦР, Агенцијата за бегалци на Обединетите нации го поддржа усвојувањето на законските измени, оценувајќи го како последен чекор од низата мерки што властите ги презедоа за спречување и решавање на бездржавјанството.
Најново