Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Поднесување на барање на интернационален извод преку ДКП на Р. Македонија во странство

  • Home
  • Поднесување на барање на интернационален извод преку ДКП на Р. Македонија во странство

Поднесување на барање на интернационален извод преку ДКП на Р. Македонија во странство

Почитувани,

Ве известуваме дека македонските државјани кои живеат надвор од Република Македонија, можат да извадат интернационален извод од матична книга на родени, венчани и умрени во Дипломатско конзуларните претставништва во државата каде што се наоѓаат.

Барањата за изводот од матична книга на родените и венчаните се поднесуваат лично, а барање за издавање на извод од матична книга на умрени може да поднесе прв наследен ред на починатото лице или втор наследен ред доколку се докаже дека лицата од првиот наследен ред се починати (или пак со изјава на нотар дека сите лица од првиот наследен ред се починати). Времето на изработка и одобрување на изводите не е подолго од 10 дена.

Со почит

Управата за водење на матичните книги