Потпишување на меморандум за соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги, Адвокатската комора, Нотарска комора и Комората на извршители во Р. Македонија
- Home
- Потпишување на меморандум за соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги, Адвокатската комора, Нотарска комора и Комората на извршители во Р. Македонија
Потпишување на меморандум за соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги, Адвокатската комора, Нотарска комора и Комората на извршители во Р. Македонија
18 октомври 2017 година.
Почитувани,
Денес во клубот на пратеници се одржа настан за потпишување на меморандуми за соработка на Управата за водење за матичните книги со адвокатската комора, нотарската комора и комората на извршители во Република Македонија во насока на овозможување издавање изводи од Матична книга на родените, Матична книга на венчаните и Матичана книга на умрените по електронски пат потпишани со дигитален сертификат издаден од овластена куќа за издавање дигитални сертификати.
На овој настан се обратија Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски, Претседателот на адвокатска комора г-дин Никола Додевски, Претседателот на комора на извршители г-дин Зоран Димов, Претседателот на комора на нотари г-дин Васил Кузманоски и Директорот на Управата за водење на матичните книги г-дин Ѓоко Котевски кој ја даде следната изјава:
Со особена чест и задоволство сакам да Ве поздравам и да Ви се заблагодарам за Вашето приусуство. Особено сакам да се заблагодарам на претседателите на Нотарската комора, адвокатската комора и комората на извршители во Република Македонија за покажаниот интерес да склучат меморандуми за соработка со Управата за водење на матичните книги во насока на доближување на матичната евиденција до нив.
Со потпишувањето на овие меморандуми за соработка правиме исчекор во однос на начинот на комуникација на Управата со адвокатите, извршителите и нотарите преку овозможување на пристап до веб порталот на Управата за водење на матичните книги и издавање документи и изводи од МКР, МКВ и МКУ по електронски пат во рок не подолг од 48 часа од денот на поднесувањето на барањето.
Преку посебен безбедносен систем ќе можат нотарите, адвокатите и извршителите да ги добијат документите кои се во надлежност на Управата во електронска форма потпишани со електронски потпис со што ќе се скратат трошоците, времето на издавање на истите а со тоа ќе се овозможи забрзување на оставинските постапки, постапките кои се водат по законот за извршување кај извршителите, како и другите постапки кои се водат пред адвокатите, нотарите и извршителите.
Согласно програмата на Владата на Република Македонија за намалување на трошоците на документите кои се издаваат од органите на државната управа по електронски пат,цената на изводите кои ќе се издаваат по електронски пат ќе се намали од 150 денари на 125 денари.
Воедно сакам да ја најавам и новата за услуга за граѓаните на Република Македонија со која ќе му се овозможи на секој полнолетен граѓанин на РМ да поднесе барање за издавање извод од МКР и МКВ по електронски пат така што изводот ќе го добие во електронска форма потпишан со дигитален сертификат издаден од овластена куќа за издавање дигитални сертификати во РМ во рок не подолг од 48 часа од денот на поднесувањето на барањето. Важноста на доставениот електронски извод ќе биде колку што трае важноста на дигиталниот сертификат на граѓанинот но не повеќе од 6 месеци од денот на издавањето на документот.
Единствен услов за добивање на документите и изводите по електронски пат е адвокатите, нотарите и извршителите да имаат склучено договор за размена на податоци со Управата и да поседуваат валиден дигитален сертификат издаден од овластена куќа, а за граѓаните на РМ кои ќе се најавуваат како физичко лице тогаш единствен услов за да добие извод од МКР и МКВ по електронски пат е да поседува валиден дигитален сертификат издаден од овластена куќа.
Оваа услуга ќе биде достапна за адвокатите, нотарите, извршителите и сите граѓани на Република Македонија од 01 Ноември 2017 година.
Воедно сакам да нагласам дека успешно е завршен пилот проектот на Управата со АД Македонски пошти за достава на изводи од МКР и МКВ на домашната адреса на граѓаните кои живеат во град Скопје и од 01 Ноември 2017 овој начин на достава на изводи ќе биде достапен за сите граѓани во сите градови во Република Македонија.
Придобивката од воведување на овие услуга е намалувањето на трошоците на граѓаните и правните лица со кои Управата склучува меморандуми за соработка, скратување на времето на издавање на документите и изводите како и поголема достапност до улугите на Управата.
Најново