Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Работна средба на директорот на Управата за водење на матичните книги и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров

  • Home
  • Работна средба на директорот на Управата за водење на матичните книги и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров

Работна средба на директорот на Управата за водење на матичните книги и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров

ѓорче петров


Денес во просториите на Општина Ѓорче Петров се одржа работна средба помеѓу директорот на Управата за водење на матичните книги г-ин Ѓоко Котевски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров г-ин Александар Наумовски. На средбата беше договорена соработка во која се прецизираше матичното подрачје Ѓорче Петров на УВМК да се пресели во просториите на Домот на културата во Ѓорче Петров, каде ќе има подобри и современи услови за работа. Воедно големата сала во споменатиот дом ќе се користи за склучување на бракови на лицата кои тоа ќе сакаат да го направат во сала.


ѓорче петров

Со ова лошата слика од матичното подрачје Ѓорче Петров ќе биде минато и граѓаните ќе може на еден достоинствен начин во оваа голема општина да имаат современи услови за добивање на документи од матичната евиденција во општина Ѓорче Петров. Салата за венчавки во Културниот дом ќе биде свечено уредена со што идните младенци ќе имаат соодветни услови за склучување на брак како што прилега на ваков чин.
Преселбата и почетокот на работата на матичното подрачје Ѓорче Петров на УВМК во новите простории ќе биде до крајот на оваа година.

ѓорче петров