Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Работно време на Управата за водење на матичните книги

  • Home
  • Работно време на Управата за водење на матичните книги

Работно време на Управата за водење на матичните книги

Почитувани,

Ве известуваме дека од 01.09.2017 година, подрачните одделенија / подрачните канцеларии на Управата за водење на матичните книги ќе започнат со работа во две смени. Првата смена ќе биде со работно време од 07:00-14:30 часот, додека втората смена од 14:00-21:30 часот, како и прва сабота во месецот е работна и тоа од 08:00-16:00 часот. 

Во Централата на Управата за водење на матичните книги каде што може да ги закажувате венчавките на терен, работното време ќе биде флексибилно со времетраење од осум работни часови, и тоа со почеток од 7:30-8:30 часот и крај на работно време од 15:30-16:30 часот.

Со почит

Управа за водење на матичните книги