Матичната евиденција е основата на сите општествени и економски планирања на една држава. Кажете ни ја подетално функцијата на Управата за водење на матичните книги?
Управата за водење на матичните книги е претставува орган во состав на Министерството за правда со својство на правно лице, формирана со Законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 98/08) Основна надлежност на Управата согласно овој закон е водење на матичните книги на родени, венчани и умрени (рачно и во електронска форма), нивна заштита и чување, издавање на изводи, уверенија, преписии копии врз основа на матичните книги, водењена постапка ми составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги. Управата функционира преку 8 подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 142 матични подрачја-месни канцеларии на територија на државата. Матичната евиденција и податоците кои се водат согласно Законот за матична евиденција, Законот за семејство, Законот за лично име, Законот за државјанство, Законот за општа управна постапка и др., се темел на сите планови во земјата од областа на политичкиот, економскиот, социјалниот, образовниот апект, со цел реализирање на потребите на граѓаните од овие области. Поради тоа Управата за водење на матичните книги има склучено договори за соработка со голем број на државни органи и институции согласно законот Треба да се истакне дека Управата како контролор на личните податоци на граѓаните ги превзема сите активносѕи за правилна примена на Законот за заштита на личните податоци во однос на тајноста и достапноста на податоците кои се водат во матичните книги. Управата која стартуваше со работа на 01.01.2010 година до сега има реализирано неколку проекти и тоа: Воспоставен е електронски матичен регистар, поврзани се електронски сите подрачни одделенија и подрачни канцеларии на Управата со цел побрз и поефикасен пристап на граѓаните до матичната евиденција, а со тоа и секој граѓанин може да добие извод од било кое матично подрачје.
На должност директор стапивте на почетокот на август 2017 година. Каква состојба затекнавте во Управата?
На оваа позиција дојдов како што рековте на почетокот на август годинава и треба да истакнам дека досега имам посетено повеќе подрачни одделенија и подрачни канцеларии, и се запознав со работата и проблемите со кои се соочуваат околу 500 вработени.
Во самата Управа има одличен тим од правници и информатичари кои се столбот на работата на матичната евиденција, но не треба да се потценат останатите сектори и вработени без кои Управата не би можела да функционира. Како најголем проблем, па и предизвик за почетокот со кој се соочив беше работата на ПО Скопје, кое претставува најголемо одделение со најголем обем на работа. Главниот проблем е времетраењето за издавање на изводиѕте за 7 работни дена, па некога и повеќе, како и реакцијата на странките за истото и постојаните турканици по шалтерите. Исто така голем број управни постапки кои од различни причини чекаа на решавање. А поради тоа граѓаните не можеа да добијат изводи за наменитње за кои ги бараа. Со помош на правниот сектор на Управта и со врљаботените во ПО Скопје веќе две недели по ред изводитесе издаваат во рок од 1-2 дена, додека голем број на управни постапки добија решенија, односно странките се известени за ,,судбината” на нивниот предмет. Ова темпо имаме намера да го задржиме и во иднина и да се подобриме. Од целокупната слика што ја добив во овој периопд откако сум на оваа позицијаможам само да заклучам дека дел од луѓето кои биле ставени на раководни позиции, не секогаш одговарале соодветно на работните задачи, што со текот на времето и работењето ќе гледаме да ги надокнадиме направените пропусти.
Во текот на оваа година започнаа и во тек се неколку нови проекти за осовременување на работата на Управата. Кажете ни нешто повеќе за кои проектите се работи?
На почетокот на оваа година покрај електонското поврзување на матичните подрачја, стартуваше и проектот за издавање на изводи од матичната евиденција со поднесени барања во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македеонија на речиси сите континенти. На нашите државјани олеснета им е процедурата за добивање на податоци од матичната евиденција преку поднесување на барања директно во земјите каде престојуваат. Друга новина е проектот “Добредојде бебе”кое на почетокот на август почна само во породилиштата во Скопје, а од почетокот на септември овој проект функционира во сите 17 родилишта на територијата на Република Македонија. Имено, родилките за време на престојот во болницата пред по напуштање на истата го добиваат и првиот извод од матичната книга на родени за бебето, со што се скратува процедурата за чекање на шалтери и носење документи во матичните подрачја. Треба да истакнеме дека во текот на изминатиот месец Подрачнните канцеларии Прилеп и Кичево се преселија во нови простории, кои се во владение на Управата за водење на матичните книги. Овие простории се современо уредени со целосна компјутерска опрема за ефикасна и брза работа, со што на граѓаните им се нудат квалитетни услуги. Во текот на октомври годинава треба да профукционираат сите три модули за он лајн аплицирање за изводи од матичните книги на родени, венчани и умрени, и достава на истите до домот на граѓаните. За поуспешна соработка остваривме средби и ја зајакнавме комуникацијата со Министерството за внатрешни работи со кои тесно соработуваме, потоа со Министерството за труд и социјална политика, каде сме активно ангажирани околу проектот,за решавање на проблемот на лицата без документи. Управата за водење на матичните книги оствари и средба со УНХЦР со чии претставници разговараше за проблемот на лицата без документи со цел оваа невладина организација да помогне околу реализирањето на ДНК анализите неопходни во управните постапкиводени пред управата за дополнително запишување на фактот на раѓање на деца родени во домашни услови,давање подршка во однос на одржување на обуки за вработените во Управата. Деновите се оствари и средба со Министерот за образование, се со цел електронски да се поврзат овие две институции и идните ученици (основци,средношколци) како и идните студенти да не вадат извод во матичните служби.
До крајот на годинава предвидено е да заврши набавката на скенери преку европските фондови, со што во иднина е предвидено сите уписи во матичните книги мда бидат скенирани и зачувани во електронскиот систем.Со тоа ќе се заштитат хартиенитематични книги, а матичната евиденција за еден граѓанин ќе се наоѓа на едно место, па во иднина ќе работиме на добивање на семејно стебло за граѓаните со упарување на сите податоци кои ги поседуваме.
Какви се вашите прогнози, што може да биде реализирано до крајот на 2017 година?
Според мене како што веќе истакнав, капацитетот на Управата ќе го пренасочиме на ставање во функција на трите модули за аплицирање он лајн на граѓаните за сите видови на изводи- за родени, за венчани и за умрени.
Предвидено е електронско поврзување со нотарите, извршителите и адвокатите се со цел јавните исправи кои им се бараат на граѓаните во постапките кои се водат кај нив да бидат обезбедени по електронски пат од Управата за водење на матичните книги, потпишани со дигитален сертификат. Ќе се обидеме да направиме и да организираме достава на изводите до домот на граѓаните. До крајот на годинава ова ќе биде одлично завршена работа во интерес на сите граѓани на Република Македонија, кои имаат потреба за услуги од матична евиденција.
Како прв човек на Управата за водење на матичните книги секако имате своја визија и план за работа на оваа институција. Ќе имаат ли граѓаните поефикасна, брза и компетентна матична служба?
Секако дека секој оној кој ќе превземе одговорност за водење на ваква институција како што е Управата за водење на матичните книги има и свои идеи и амбиции за прогресот на Управата. Во иднина сметам дека најголемата енергија ќе се вложи во подигнување на професионалноста на работата на Управата за водење на матичните книги и нејзино формирање како европски сервис на граѓаните. Тие во секој момент и за краток период ќе имаат пристап до документите од матичната евиденција. Имаме планови за работа на Управата кои во иднина ќе се реализираат и од оваа институција ќе направат единствена служба во интерес на граѓаните. Но за тоа, потоа.
Интервју со г-дин Ѓоко Котевски, Директор на Управата за водење на матичните книги
03 октомври 2017 година.
Матичната евиденција е основата на сите општествени и економски планирања на една држава. Кажете ни ја подетално функцијата на Управата за водење на матичните книги?
Управата за водење на матичните книги е претставува орган во состав на Министерството за правда со својство на правно лице, формирана со Законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 98/08) Основна надлежност на Управата согласно овој закон е водење на матичните книги на родени, венчани и умрени (рачно и во електронска форма), нивна заштита и чување, издавање на изводи, уверенија, преписии копии врз основа на матичните книги, водењена постапка ми составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги.
Управата функционира преку 8 подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 142 матични подрачја-месни канцеларии на територија на државата. Матичната евиденција и податоците кои се водат согласно Законот за матична евиденција, Законот за семејство, Законот за лично име, Законот за државјанство, Законот за општа управна постапка и др., се темел на сите планови во земјата од областа на политичкиот, економскиот, социјалниот, образовниот апект, со цел реализирање на потребите на граѓаните од овие области. Поради тоа Управата за водење на матичните книги има склучено договори за соработка со голем број на државни органи и институции согласно законот
Треба да се истакне дека Управата како контролор на личните податоци на граѓаните ги превзема сите активносѕи за правилна примена на Законот за заштита на личните податоци во однос на тајноста и достапноста на податоците кои се водат во матичните книги.
Управата која стартуваше со работа на 01.01.2010 година до сега има реализирано неколку проекти и тоа:
Воспоставен е електронски матичен регистар, поврзани се електронски сите подрачни одделенија и подрачни канцеларии на Управата со цел побрз и поефикасен пристап на граѓаните до матичната евиденција, а со тоа и секој граѓанин може да добие извод од било кое матично подрачје.
На должност директор стапивте на почетокот на август 2017 година. Каква состојба затекнавте во Управата?
На оваа позиција дојдов како што рековте на почетокот на август годинава и треба да истакнам дека досега имам посетено повеќе подрачни одделенија и подрачни канцеларии, и се запознав со работата и проблемите со кои се соочуваат околу 500 вработени.
Во самата Управа има одличен тим од правници и информатичари кои се столбот на работата на матичната евиденција, но не треба да се потценат останатите сектори и вработени без кои Управата не би можела да функционира.
Како најголем проблем, па и предизвик за почетокот со кој се соочив беше работата на ПО Скопје, кое претставува најголемо одделение со најголем обем на работа. Главниот проблем е времетраењето за издавање на изводиѕте за 7 работни дена, па некога и повеќе, како и реакцијата на странките за истото и постојаните турканици по шалтерите.
Исто така голем број управни постапки кои од различни причини чекаа на решавање. А поради тоа граѓаните не можеа да добијат изводи за наменитње за кои ги бараа.
Со помош на правниот сектор на Управта и со врљаботените во ПО Скопје веќе две недели по ред изводитесе издаваат во рок од 1-2 дена, додека голем број на управни постапки добија решенија, односно странките се известени за ,,судбината” на нивниот предмет. Ова темпо имаме намера да го задржиме и во иднина и да се подобриме.
Од целокупната слика што ја добив во овој периопд откако сум на оваа позицијаможам само да заклучам дека дел од луѓето кои биле ставени на раководни позиции, не секогаш одговарале соодветно на работните задачи, што со текот на времето и работењето ќе гледаме да ги надокнадиме направените пропусти.
Во текот на оваа година започнаа и во тек се неколку нови проекти за осовременување на работата на Управата. Кажете ни нешто повеќе за кои проектите се работи?
На почетокот на оваа година покрај електонското поврзување на матичните подрачја, стартуваше и проектот за издавање на изводи од матичната евиденција со поднесени барања во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македеонија на речиси сите континенти. На нашите државјани олеснета им е процедурата за добивање на податоци од матичната евиденција преку поднесување на барања директно во земјите каде престојуваат. Друга новина е проектот “Добредојде бебе”кое на почетокот на август почна само во породилиштата во Скопје, а од почетокот на септември овој проект функционира во сите 17 родилишта на територијата на Република Македонија.
Имено, родилките за време на престојот во болницата пред по напуштање на истата го добиваат и првиот извод од матичната книга на родени за бебето, со што се скратува процедурата за чекање на шалтери и носење документи во матичните подрачја.
Треба да истакнеме дека во текот на изминатиот месец Подрачнните канцеларии Прилеп и Кичево се преселија во нови простории, кои се во владение на Управата за водење на матичните книги. Овие простории се современо уредени со целосна компјутерска опрема за ефикасна и брза работа, со што на граѓаните им се нудат квалитетни услуги.
Во текот на октомври годинава треба да профукционираат сите три модули за он лајн аплицирање за изводи од матичните книги на родени, венчани и умрени, и достава на истите до домот на граѓаните.
За поуспешна соработка остваривме средби и ја зајакнавме комуникацијата со Министерството за внатрешни работи со кои тесно соработуваме, потоа со Министерството за труд и социјална политика, каде сме активно ангажирани околу проектот,за решавање на проблемот на лицата без документи. Управата за водење на матичните книги оствари и средба со УНХЦР со чии претставници разговараше за проблемот на лицата без документи со цел оваа невладина организација да помогне околу реализирањето на ДНК анализите неопходни во управните постапкиводени пред управата за дополнително запишување на фактот на раѓање на деца родени во домашни услови,давање подршка во однос на одржување на обуки за вработените во Управата.
Деновите се оствари и средба со Министерот за образование, се со цел електронски да се поврзат овие две институции и идните ученици (основци,средношколци) како и идните студенти да не вадат извод во матичните служби.
До крајот на годинава предвидено е да заврши набавката на скенери преку европските фондови, со што во иднина е предвидено сите уписи во матичните книги мда бидат скенирани и зачувани во електронскиот систем.Со тоа ќе се заштитат хартиенитематични книги, а матичната евиденција за еден граѓанин ќе се наоѓа на едно место, па во иднина ќе работиме на добивање на семејно стебло за граѓаните со упарување на сите податоци кои ги поседуваме.
Какви се вашите прогнози, што може да биде реализирано до крајот на 2017 година?
Според мене како што веќе истакнав, капацитетот на Управата ќе го пренасочиме на ставање во функција на трите модули за аплицирање он лајн на граѓаните за сите видови на изводи- за родени, за венчани и за умрени.
Предвидено е електронско поврзување со нотарите, извршителите и адвокатите се со цел јавните исправи кои им се бараат на граѓаните во постапките кои се водат кај нив да бидат обезбедени по електронски пат од Управата за водење на матичните книги, потпишани со дигитален сертификат.
Ќе се обидеме да направиме и да организираме достава на изводите до домот на граѓаните. До крајот на годинава ова ќе биде одлично завршена работа во интерес на сите граѓани на Република Македонија, кои имаат потреба за услуги од матична евиденција.
Како прв човек на Управата за водење на матичните книги секако имате своја визија и план за работа на оваа институција. Ќе имаат ли граѓаните поефикасна, брза и компетентна матична служба?
Секако дека секој оној кој ќе превземе одговорност за водење на ваква институција како што е Управата за водење на матичните книги има и свои идеи и амбиции за прогресот на Управата. Во иднина сметам дека најголемата енергија ќе се вложи во подигнување на професионалноста на работата на Управата за водење на матичните книги и нејзино формирање како европски сервис на граѓаните. Тие во секој момент и за краток период ќе имаат пристап до документите од матичната евиденција. Имаме планови за работа на Управата кои во иднина ќе се реализираат и од оваа институција ќе направат единствена служба во интерес на граѓаните. Но за тоа, потоа.
Интервјуто е направено за Македонската Информативна Агенција (МИА)
Најново