Бул. Св. Кирил и Методиј 54 1000 Скопје, Р. Македонија 02 3223-787 contact@uvmk.gov.mk

Донација на средства од УНХЦР кон Управата за водење на матичните книги

  • Home
  • Донација на средства од УНХЦР кон Управата за водење на матичните книги

Донација на средства од УНХЦР кон Управата за водење на матичните книги

Почитувани,
На ден 28.03.2018 година, Директорот на Управата за водење на матичните книги г-дин Бујар Дардхишта заедно со преставници на УНХЦР Скопје во просториите на Управата за водење на матичните книги склучија договор за пренос на средства кои се во сопственост на УНХЦР.
Исто така при склучувањето на договорот доставени се средства-техничка опрема (1 преносен компјутер, 3 компјутери, 25 печатачи и три мултифункционални печатачи) со кои ќе се олесни и забрза процесот на издавање на изводи од матичните книги на родените, матичните книги на венчаните и матичните книги на умрените.
унхцр  
Благодарни сме на укажаната подршка од УНХЦР и се надеваме дека во иднина ќе имаме соработка за градење на капацитетите на службите на Управата се со цел подобрување на услугите кои ги нудиме на граѓаните на Република Македонија.
унхцр